Израел забрани слетувања на авиони од Јапонија и од Јужна Кореја

Околу 200 патници без израелско државјанство  кои патувале со лет од Јужна Кореја синоќа не добија право да слезат на израелска територија и беа принудени да се вратат во Сеул, дополни министерството.

79

Израел прошири забрани поврзани со коронавирусот за летови од Јапонија и од Јужна Кореја. Тоа го соопшти Министерството за здравство.

Околу 200 патници без израелско државјанство  кои патувале со лет од Јужна Кореја синоќа не добија право да слезат на израелска територија и беа принудени да се вратат во Сеул, дополни министерството.

Авион на јужнокорејска компанија слета во зона оддалечена од вообичаените и од него им беше дозволено да излезат само 12 израелски патници кои беа пренесени со амбулантни возила во нивните домови и се под карантин. Израел веќе воведе заврани за летови од Кина, Макао, Тајланд, Сингапур и од Хонг Конг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...