Израелски научници тврдат оти ќе бидат првите кои откриле лек за канцерот, пренесува „форбес.ком“.
Тие тврделе и дека лекот ќе бил евтин и ефикасен и нема да има никакви или минимални несакани ефекти.
Според нив, тие ќе им понудат на светот лек од канцерот за една година.
Сепак, поединци се скептични за ова тврдење.
На својот блог „Лек за канцер? Не толку брзо“, Лен Литченфилд напишал оти „сите се надеваме дека тие се во право. За жал, мораме да бидеме свесни дека ова е далеку од потврден ефикасен третман за луѓе со канцер, а камоли лек“.
Литченфилд на својот блог ставил и листа на која ставил работи кои „треба да се имаат на ум, без разлика што медиумите велат“.
– Ова е извештај врз основа на ограничени информации обезбедени од истражувачите и компанија која работи на оваа технологија. Очигледно не е објавен во научна литература, каде би бил предмет на разгледување, поддршка и/ или критика од луѓе кои ја познаваат областа. Ова се базира на експеримент со глувче, кој е опишан како „прелиминарен“. Се чини дека сега нема добро воспоставена програма за експерименти што би можела подобро да дефинира како работи – или како не работи – како што се движи од лабораториската клупа до клиниката – пишува меѓудругото Литченфилд.