Младиот фудбалски стручњак Јулијан Нагелсман не ја прифати понудата на Реал Мадрид да го наследи Зинедин Зидан на тренерската позиција.
Како што пренесуваат германските медиуми, Нагелсман одлучи да продолжи со работа во Хофенхајм каде има одлични резултати и изборен пласман во Лигата на шампионите.
30-годишниот Германец во 2016 година стана најмладиот тренер во историјата на Бундеслигата. Тој со Хофенхајм пред две сезони го освои четвртото место, а во неодамна завршената заврши на третата позиција.
Со Хофенхајм Нагелсман има актуелен договор до 2021 година.
ФОТО: Твитер