Измиј ја косата, истуширај се! Обожавателите ја нападнаа Мајли Сарјус ФОТО

Изгледа дека решила сè да биде ново, па така ја променила и фризурата, но некои обожаватели ѝ порачале дека во новата година „би можела да ја измие косата“.

878
ФОТО: EPA / ETIENNE LAURENT

Пејачката Мајли Сајрус (27) имаше бурна година зад себе, со оглед дека после само половина година брак се разведе од актерот Лиам Хемсворт (29), а потоа беше во врска со блогерката Кејтлин Картер, која исто така не опстана.

Во првите денови од новата, 2020 година ги израдува фановите со нова музика, но не одлучила само тоа да го промени на почетокот на годината. Изгледа дека решила сè да биде ново, па така ја променила и фризурата, но некои обожаватели ѝ порачале дека во новата година „би можела да ја измие косата“.

„Односно, би можела и цела да се искапеш“, „Колку си побогата, толку полошо изгледаш“…, се само некои од негативните коментари.

„Нова фризура. Нова година. Нова музика“, напишала Мајли покрај фотографијата која ја објавила на Инстаграм.

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

ФОТО: EPA / ETIENNE LAURENT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...