Измените на Изборниот законик и на Законот за лични карти на собраниска седница

653

На седницата за разрешување на министерката за труд Рашела Мизрахи, се предожени и нови точки, односно предлог на закон за неевидентирани лица во матична книга на родени. Пратениците ќе расправаат и за предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, како и за Предлог на закон за дополнување на Законот за личната карта.

Во измените на Изборниот законик влезе и барањето на ДУИ за промена на гласачките места од Шестата во Петата изборна единица заради баланс на гласачите. Се предлага гласачки места од Дебар и од Маврово и Ростуше од шестата да се префрлат во Петата изборна единица.

„Во членoт 175 став (1) во делот „ ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 5 “ по зборовите : „ ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 5 “ се додаваат зборовите: „општина Дебар избирачки места од 0477 до 0477; Општина Дебар избирачки места од 0477/1 до 0477/1; Општина Дебар избирачки места од 0543 до 0548; Општина Дебар избирачки места од 0544/1 до 0544/1; Општина Дебар избирачки места од 0547/1 до 0547/1; Општина Дебар избирачки места од 0555 до 0556“, по зборовите:„општина Крушево избирачки места од 1187/1 до 1187/1“ се додаваат зборовите : „ општина Маврово и Ростуша избирачки места од 0463 до 0476; општина Маврово и Ростуша избирачки места од 0464/1 до 0465/1; општина Маврово и Ростуша избирачки места од 0470/1 до 0470/1; општина Маврово и Ростуша избирачки места од 0473/1 до 0474/1; општина Маврово и Ростуша избирачки места од 0478 до 0479; општина Маврово и Ростуша избирачки места од 0481 до 0498“.

Во делот „ ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 6“  зборовите: „општина Дебар избирачки места од 0477 до 0477; Општина Дебар избирачки места од 0477/1 до 0477/1; Општина Дебар избирачки места од 0543 до 0548; Општина Дебар избирачки места од 0544/1 до 0544/1; Општина Дебар избирачки места од 0547/1 до 0547/1; Општина Дебар избирачки места од 0555 до 0556“ се бришат и зборовите:„општина Маврово и Ростуша избирачки места од 0463 до 0476; општина Маврово и Ростуша избирачки места од 0464/1 до 0465/1; општина Маврово и Ростуша избирачки места од 0470/1 до 0470/1; општина Маврово и Ростуша избирачки места од 0473/1 до 0474/1; општина Маврово и Ростуша избирачки места од 0478 до 0479; општина Маврово и Ростуша избирачки места од 0481 до 0498“ се бришат“, пишува во Изборниот законик.

Предлог-законот за дополнување на Законот за лична карта, пак, предвидува во образецот за лична карта да стои и податокот за етничка припадност, покрај податоците за презиме и име на граѓанинот, државјанство, пол, датум на раѓање, матичен број, датум на издавање и важење на личната карта, место на раѓање, живеалиште и адреса, надлежен орган кој ја издал личната карта, број на личната карта и потпис на имателот на личната карта.

– Од причина што сметаме дека припадниците на етничките заедници  согласно со Уставот на Република Северна Македонија, имаат право да ја искажат својата етничка припадност, предлагаме во член 5 став 2 покрај другите податоци да биде предвидена и „етничката припадност“, стои во образложението на предлог-текстот.

Седницата 136., според писменото известување од претседателот на Собранието Талат Џафери,  наместо во 15 часот, ќе почне по завршување на претресот на законот за ЈО кој е прва точка на 135. седница и кој се уште трае.

За в недела напладне, пак, е закажана 137. седница на која и официјално се очекува Собранието да биде распуштено

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...