Изменет сообраќаен режим се воведува од денеска до сабота на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица, информира АМСМ.
Причина за изменетиот режим на сообраќај се градежните активности за поставување индуктивни јамки што ќе ги изведува фирмата „Виадукт Трејд” во наредните три дена.