Скопјанец на 64-годишна возраст во полициската станица во Ѓорче Петров вчера пријавил дека бил измамен со огревни дрва, за кои неговата сопруга дала 12.000 денари (околу 200 евра).
Измамникот го видел скопјанецот во неговиот двор и му понудил огревни дрва, се договориле за количината и цената и тргнале да ги видат.
Потоа, тој го оставил по купувачот сам велејќи му дека треба да се врати по камионот. Но, наместо по камионот отишол во домот на жртвата и од сопругата ги зел парите и исчезнал.