Маж на возраст од 30 години од село Урвич доби кривична пријава оти измамил четири лица од Дебар дека им обезбедил работа во Германија.
– Во периодот од декември 2017 година до мај 2018 година пријавениот, од четири лица од Дебар, за обезбедување на работни визи и договор за работа во Германија, примил вкупно 49.200 денари, по што истиот на три лица им доставил фалсификувани договори за работа, додека на едно од лицата не му доставил никаков документ – велат од СВР Тетово.
Против него е поднесена кривична за делото „измама“.