Измамиле дедо дека ќе му отворат златара и го ограбиле

660

Прилепчанецот Ѓ.И. (84) вчера пријавил дека на градскиот пазар две непознати лица го измамиле и му одзеле 7.000 франци и 150.000 денари.

Лицата под изговор дека заедно со оштетениот ќе отвореле златара, го убедиле да им ги даде парите кои дел ги имал дома, а дел ги извадил од банка, по што го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...