Изложбата „Можев да ти бидам – Пофалба на Демир Хисар на Петре М. Андреевски“ со фотографии од деветмина чешки фотографи ќе биде отворена утре во Домот на културата во Демир Хисар, во 20 часот.
Изложбата содржи 27 фотографии снимени од објективите на деветмина чешки фотографи.
Влезот е бесплатен. Изложбата ќе трае до 07 септември.
Плакатот е дизајниран од македонскиот фотограф Стефан Шашков.