Излетал од автопатот кај Љубин и влетал во куќа

160

Возило удрило во заштитната ограда и излетало од автопатот Мајка Тереза пред подвозникот за селото Љубин по што удрило во куќа, вчера околу 6 часот наутро, соопшти МВР.

Во незгодата со повреди се здобила М.Т. која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Патничкото моторно возило „пежо 206“ со српски национални ознаки, било управувано од М.Т.(36) од Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...