Излетал „Ленд ровер“ на патот Пробиштип-Штип, возачот тешко повреден

280

Утрово во 6.50 часот на регионалниот пат Пробиштип-Штип во близина на раскрсницата кај село Крупиште, “Ленд ровер“ со штипски регистерски таблици управувано од Г.С.(25) од Пробиштип излеталo од коловозот.

Со возило на итна медицинска помош тој бил пренесен во Медицинскиот центар во Штип, каде лекар му констатирал тешки телесни повреди. Увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Штип извршилаувид и се работи на расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...