Излекуван првиот критично болен пациент од Ковид-19 во Шангај

328

Од болница во кинескиот град Шангај е отпуштен првиот оздравен пациент, кој бил во критична здравствена состојба по заразувањето со новиот коронавирус, пренесоа агенциите.

Претходно од заразата се излекуваа само пациентите кои имаа  полесна форма на болеста.

Дијагнозата на 68-годишниот маж била поставена на 23 јануари, откако се вратил од патувањето во својот роден град Вухан – жариштето на новата болест. Тој бил сместен во здравствената установа во критична состојба и лекарите требало да преземат итни мерки заради неговите белодробни проблеми. По 13 дена минати во кома, на интензивното одделение во болницата, пациентот, меѓутоа, целосно се опоравил, пишуваат агениците.

Според официјалните податоци, во Шангај се регистрирани 336 случаи на заразени со новиот вирус, од кои 268 биле подложени на лекување и после тоа отпишани од болниците. Тројца починале, а другите, приближно 60, се уште се наоѓаат под лекарска опсервација, додека не се потврдат податоците за нивните испитувања.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...