Конечно е објавен долгоочекуваниот трејлер за филмот „Нема време за умирање“ (No Time To Die), последниот во кој Даниел Крег го игра Џејмс Бонд.
Во најавата, го гледаме Рами Малек кој го глуми главниот негативец, но и новата агентка која ја игра Лашана Линч.
„Светот тргна напред“, го предупредува таа Бонд додека му открива дека таа е новата агентка.
Магазинот „Wired“ ја наведува можноста дека на тој начин ни е откриено дека токму таа можеби е новиот агент 007 откако Крег ќе ја напушти франшизата. Секако, тоа во најавата не е докажано.