“Сапунот “Фамилијарно Пакување” од ФЕДОР е првиот продукт од козметиката во Македонија со натпис со Брајова азбука за помош на луѓето со оштетен вид.
Од Националниот Сојуз на слепите на Република Македонија, се надеваат дека овој пример ќе го следат и руги домашни компании.
– Сапунот „Фамилијарно Пакување” од ФЕДОР е првиот продукт од козметиката во Македонија со натпис со Брајлова азбука за помош на луѓето со оштетен вид. ФЕДОР е фирма за природна козметика, мала, но сепак голема компанија која прва во Македонија во Април годинава почнаа со производство на сапуни испечатени и со Брајлова азбука за слепите лица. Се надеваме дека овој пример ќе го следат и другите домашни компании и со тоа ќе направат огромен придонес во секојдневието на слепите лица во Република Македонија – вели Николина Трајковска од Националниот сојуз на слепи.