Излезе од затвор поранешниот градоначалник на Ново Село

750

Поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев, наместо шест, издржа затворска казна од пет месеци. Тој денеска излезе од затворот во Струмица, каде ја извршуваше казната поради обид за шверц на цигари.

Веста ја потврди директорот на струмичкиот затвор, Борче Цветков, кој вели дека Стојчев од затвор излегол еден месец порано, бидејќи имал примерно однесување и според член 206 од Законот за извршување санкции директорот на затворот може да му одобри 30 денови скратување на казната.

Владата на вчерашната седница ја констатираше неотповикливата оставка на поранешниот градоначалник на Ново Село и во најскоро време со одлука на Собранието и ДИК ќе бидат распишани избори во оваа општина за градоначалник.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...