Излезе видео од тепачка меѓу Нејмар и жената која го обвини за силување

1353
 ФОТО: foxsportsasia

Жената која го обвини Нејмар дека ја силувал, објави видео во кое тие се тепаат во хотелска соба, пренесува „foxsportsasia“.

На 1 јуни Нејмар беше обвинет дека ја силувал жената на 15 мај во хотелска соба во Париз. Наводно, бразилскиот фудбалер ја запознал преку Инстаграм, а потоа обезбедил таа да допатува во Париз за да се сретнат.

На 2 јуни, фудбалерот изјави дека обвинувањата се неточни. Тој објави видео со пораки кои си ги разменувале.

Судот ги отфрли обвинувањата против Нејмар бидејќи жената имала контрадикторни изјави.

На видеото се гледа како Најила Триндаде Мендес де Соуза го удира фудбалерот во хотелска соба.

– Не, не, не, не ме удирај, не – се слуша како вели Нејмар.

Потоа таа возвраќа со „Не? Ќе ме удриш, така? Нема ли да ме удриш?“.

Потоа се гледа како таа фрла нешто кон него, велејќи „Ќе те удрам, знаеш зошто. Бидејќи ме претепа вчера“.


ФОТО: foxsportsasia

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...