Излажи ме еднаш срам да ти е, излажи ме двапати, срам да ми е!

Тивко мнозинство, до кога ќе молчиш?!

2906

„Леб и циркузијада“ (на латински: panem et circases), во политички контекст, фразата се однесува на методи за стекнување на јавна поддршка базирана не на добро владеење, туку на одвлекување внимание од важни прашања или задоволување на краткорочни, незначајни барања на населението. Оваа фраза потекнува од политичкиот живот на античкиот Рим.

Фразата „Леб и циркузијада” најпрво ја користел римскиот поет Јувенал.

Денеска оваа фраза со содржина е исполнета до максимум и во нашето секојдневие.

Екслузивни интервјуа, шумни апсења, аболиции и амнестии, СЈО го осакативме, опинците станаа железни, веќе ништо не е исто.

Проблемите не можат да се решат сами од себе! Оние што се дел од проблемот нема како да се негово решение!

Овие редови ги пишувам не за оние кои добро се погрижија за себе и своите блиски во овие 27 години, пљачкосувајќи ни ја татковината и нивните паразити кои вегетираа во тој период многу успешно околу нив, овие редови ти ги посветувам тебе човеку кој треба со 200 до 500 евра на месец, да мислиш како од први до први на месецот! Како подобро да работиш и заработиш?! Како да си ги образуваш децата и.т.н.!

Да, согласен сум дека не се малку пијавиците запиени во духот на нашиот порив за правичност, морал и нормалност. Тие успешно го исшмукуваат и последниот атом на енергија за битка против ова зло, но ние немаме друг избор освен да се бориме и спротиставуваме.

Тивко мнозинство, до кога ќе молчиш?!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...