Маж изгубил контрола над мопедот и паднал на коловозот на булевар „ВМРО“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во 16 часот било пријавено дека на булеварот “ВМРО“ З.Б.(47) од Скопје управувајќи мопед „сим“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на коловозот, при што се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош – велат оттаму.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.