Една жена со погрешен одговор на лесно прашање во канадското шоу „Family Feud” пропушти можност да освои 10.000 долари. Сепак, нејзиниот погрешен одговор стана хит на интернет и ѝ донесе бесплатна храна во вредност од 10.000 долари.
– Едноставно. Едно прашање. Само еден одговор. Кој ќе го погоди, игра за 10.000 долари. Тоа е тоа. Кој погоди победува – рекол водителот. „Која е омилената храна на Попај“, било прашањето.
Натпреварувачката Ева Дубој успеала да се пријави прва и набрзина рекла „пилешко“, а нејзиниот танц ја направил уште посмешна. „О, мој Боже“ се слушнало во позадина како реагира некој од нејзиното семејство.
Изгледа дека сите други знаеле дека станува збор за популарниот цртан лик, морнарот Попај, а не за американскиот синџир на похувано пилешко.
Логан Томлин, нејзиниот противник, веднаш одговорил точно.
– Спанаќ – рекол тој.
Иако натпреварувачката Дубој пропуштила можност да освои 10.000 долари, еден ресторан ѝ понудил бесплатна храна во ист износ.