Температури од близу 38 степени целзиусови го зафатија североистокот на САД.
Повеќедневниот топлотен бран при што температурата се искачи до 44,5 степени во Чикаго во саботата, ќе достигне врв на североисток во недела, јавува телевизијата Еј-Би-Си.
Во Чикако беше толку жешко што одделот за противпожарна заштита мораше да го затвори мостот покрај авенијата Мичиген и да го лади со водени топови откако челичната конструкција се прошири, а ги намалија и дозволите за премин на чамци.
Температурите беа над 30-тиот степен од Чикаго до Њујорк во саботата, 35 степени во Њуарк, Њу Џерси, 35 степени во Филаделфија и 34 степени во Централ Парк.
Индексот на топлина во 4 часот по локално време во Њујорк беше 28,4 степени, додека во Чикаго беше 29 степени во 3 часот. Предупредувањата со совети како да се однесува населението при високи температури беа издадени за поголемиот дел од Средниот Запад и поголемиот дел од Североисточниот дел, вклучувајќи го и Вашингтон, Д.Ц., Филаделфија, Њујорк и Хартфорд, Конектикат.
Температурите ќе бидат малку пониски на Средниот Запад, но нивоата на индексот на топлина сè уште ќе се движат околу 38 степени од Тексас до Мичиген.
Врвот на овој топлотен бран ќе го погоди североистокот од САД, каде се предвидува дека температурата во сите поголеми градови во регионот ќе бидат на или околу 38 степени попладнево. Нивото на топлотниот индекс ќе се зголеми на 38 степени целзиусови, со локализирани нивоа на индекс на топлина од Албани, Њујорк до Хартфорд, Конектикат, над 40,5 степени.
Се предвидува дека температурата во Њујорк денес ќе достигне 37 степени. Последниот пат кога температурата во градот достигнала 38 степени беше во 2012 година.
Температурите ќе останат над 32 степена за поголемиот дел од североистокот на Соединетите Држави и за празникот на 4-ти јули.
Ако температурите во североисточниот дел не паднат под 32 степени до петок, некои места, вклучувајќи го и Њујорк, Олбани, Њујорк; Филаделфија; и Вашингтон, Д.Ц., може да го соборат рекордот во траење на еден топлотен бран.
На 4 јули топлотниот бран ќе се прошири и низ целиота централен дел на САД.
It was so hot in Chicago that the fire department needed to hose down the Michigan Avenue Bridge after the steel expanded, reducing clearance for boats. https://t.co/mIhT23iMLU pic.twitter.com/hv0cEOW7ER
— ABC News (@ABC) July 2, 2018