Изгоре јахтата на Марк Ентони вредна 7 милиони долари ВИДЕО

Точно 40 пожарникари се обидувале да ја санираат катастрофата, а пожарот го гаселе два часа.

728

Луксузната јахта на латино пејачот и актер Марк Ентони се запалила и потонела во пристаништето во Мајами, а од неа останале само „изгорени даски“, пренесоа медиумите.

Јахтата „Андиамо“, на која Ентони, поранешниот сопруг на Џенифер Лопез, правел журки за џет-сетот, се запалила под неутврдени околности, изгорела речиси во потполност и потоа се превртела во заливот.

Точно 40 пожарникари се обидувале да ја санираат катастрофата, а пожарот го гаселе два часа.

Јахтата е долга 36 метри, вредна седум милиони долари, има пет кабини, џакузи и палуба за џет-ски.

Полицијата во Мајами истражува како се случил пожарот, пренесува американскиот портал ТМЗ.

Никому не му е јасно како пожарот настанал, а освен јахтата на Ентони, катастрофата не ги задесила другите јахти и бродови.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...