Изгоре штала со животни, опожарен покрив паднал во детска соба

144

Во пожар во селото Дабиле, што избувна синоќа околу 20:30 часот, изгореа штала со добиток и машини, покрив од куќа и помошна просторија.

Според командирот на Територијалната противпожарна единица во Струмица, Александар Гудев, во гаснењето на пожарот учествувале три противпожарни возила со 12 пожарникари.

– Пожарот е изгаснат околу 22:30 часот и не е дозволено да се прошири на други објекти во соседството. Дел од опожарениот покрив паднал во спалната и детската соба, но жртви и повредени нема – изјави Гудев.

Поради безбедност било исклучено напојувањето со струја во делот на селото каде горело, а причините за пожарот ќе се утврдуваат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...