Бранко Јачовски од кумановското село Пчиња починал за време на пожар во неговата куќа.
Како што објави телевизија Телма, пожарот кој бил пријавен во 4 утрината, го зафатил долниот спрат од куќата каде што биле сместени запаливи материјали, пред се хартија и текстил, а 79-годишниот Јачовски веќе бил загинат до пристигнувањето на пожарникарите.
Првичните претпоставки се дека пожарот избувнал од кварцна печка на која се греело домаќинството.