Изгоре барака во Ченто, штетата 200.000 денари

159

Барака од 70 метри квадратни на улицата „Сречко Пужалка“ број 65 во населбата Ченто е опожарена ноќеска. Повредени нема, причинета е само материјална штета која се проценува на 200.000 денари.

Како што соопшти Територијална противпожарна единица на Град Скопје, пожарот избувнал половина час по полноќ, а до два часот е ставен под контрола.

Интервенирано е со пет возила и 13 пожарникари.

ФОТО: Архива

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...