Изгореле 30 јагниња во гостиварско Форино

75

Во пожар што вчера попладене избувнал во штала на 39-годишниот Љ.И. од гостиварското село Форино игореле добиток и сено. Штетата се проценува на близу 30 илјади евра.

Според СВР Тетово, огнот се појавил околу 17 часот и брзо се проширил низ шталата. Во огнената стихија изгореле 30 јагниња и 2.700 бали добиточна храна (јонџа), сопственост на неговиот чичко А.И. (55), со кого заеднички го користеле објектот.

Извршен е комплетен увид, а вкупната материјална штета се проценува на 1,6 милиони денари.

Засега не е познато кои се причините за пожарот, се е работи на нивно утврдување и на околностите во кои се случиле.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...