Изгледа како да е под дејство на дрога: Раперот не можел да стане од сцената ВИДЕО

Малоун никогаш не ја криел својата страст кон марихуаната – на почетокот на летото лани започна и свој бизнис со продажба на производи со споменатиот опијат.

534

Славниот рапер Остин Ричард Пост (24), попознат како Пост Малоун, ги загрижи своите фанови со чудното однесување на последниот во низата концерти, кој го одржал во петокот.

Имено, фановите го снимале Пост Малоун во текот на последните концерти од неговата турнеја „Бегство“ и ги споделиле снимките на социјалните мрежи.

Музичарот се тетеравел на сцената со збунет израз на лицето, а на еден од настапите паднал на подот и иако со напор, не успеал да стане, по што останал на подот.

„Луѓе, ве молам, Пост Малоун се однесува чудно на сцената веќе неколку недели“, „Не се обидувам ништо да претпоставам, но тој изгледа како да е под дејство на наркотици“, „Изгубивме премногу уметници поради предозирање, се надевам ќе биде во ред“, пишувале загрижените обожаватели.

Откако социјалните мрежи ги преплавиле коментари дека однесувањето на раперот е последица на користење дрога, се огласил и самиот Малоун:

– Не се дрогирам, се чувствувам подобро од кога и да е во животот – кратко рекол раперот.

Малоун никогаш не ја криел својата страст кон марихуаната – на почетокот на летото лани започна и свој бизнис со продажба на производи со споменатиот опијат.

Меѓутоа, кон почетокот на март оваа година раперот изјави за магазинот „Џеј Кју“ дека повеќе нема проблем со користење марихуана како и дека моментално не консумира ништо посилно од алкохол.

 

 

 

View this post on Instagram

 

ya’ll i don’t think post malone’s okay 😳

A post shared by katharine ☕️ (@gucci.finn) on

FOTO: Poust Melon, Printskrin; Youtube/dana

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...