Собранието вечерва ја изгласа потребата Предлог законот за јавно обвинителство да се носи по скратена постапка. „За“ гласаа 63 пратениции, а „против“ беа 32 пратеници.
За измените на Законот за Советот на Јавно обвинителство, пак, „За“ гласаа 59, а „Против“ 32 пратеници.
По ова Предлог законот треба да помине на собраниската Комисија за европски прашања, па потоа пратениците да гласаат за негово донесување.
Не помина предлогот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски да се симне првата точка за законот за јавно обвинителство.