Пожар избувна вечерва спроти скопското село Љубин кај местото Велеполе помеѓу селата Кондово и Свиларе. Со пожарот е зафатена борова шума.
Противпожарната единица на град Скопје, како што изјави за МИА командирот Владимир Симоновски, на терен интервенира со три возила и 10 пожарникари, а се планира дополнително да биде испратено уште едно возило.
– Се работи за непристапен терен, правиме се пожарот да биде под контрола и да не се прошири кон куќите во Свиларе и Кондово – изјави Симоновски.
Претходно, пожарникарите интервенираа во Љубен каде доцна вечерва целосно го изгаснаа пожарот што зафати поголема површина сува трева и борова шума на потегот кон село Рашче во Општина Сарај.
Во скопско и вчера имаше пожар, во шумскиот реон над населбата Пинтија со него беше зафатена поголема површина мешана шума.