Нема повредени во пожарот, што избувна попладне во подрумски простории на повеќекатница на улицата Владимир Комаров во скопската општина Аеродром.
– Пожарот е изгаснат и се работи на расчистување на теренот – потврди за МИА Ѕвонко Томевски, командир на Противпожарната бригада на Град Скопје.
Поради се уште високата температура во просториите не може да се направи првична проценка на причинетата материјална штета, а дополнитело ќе се утврдува и причината за пожарот.
Во гаснењето учествуваа седум пожарни возила и 20 пожарникари.
Екипи на Бригадата за противпожарна заштита попладнево интервенираа и во гаснење на пожар што избувна во куќа во скопското село Јурумлери.