Изгаснат пожарот во битолската депонија „Мегленци“

46

Екипи на ЈП „Комуналец“-Битола со поддршка на механизација од РЕК Битола го изгаснаа пожарот што избувна во комуналната депонија „Мегленци“, лоцирана во непосредна близина на рударско-енергетскиот комбинат.

Од ЈП „Комуналец“-Битола информираат дека реагирале веднаш за да не се случи ширење на пожарот и да не се пренесе надвор од територијата на комуналната депонија.

– Ангажиравме екипи и побаравме помош од РЕК Битола и пожарникари од општина Новаци, на чија територија е комуналната депонија. Поради топлото време, пожарот зафати голема површини и се прошири, но истиот веќе е ставен под контрола. За овој пожар ја известивме и СВР Битола за да се утврди кои се причините за опожарувањето на депонијата „Мегленци“ бидејќи имаме впечаток дека пожарот е подметнат – истакна Панде Богоевски, директор на ЈП „Комуналец“-Битола.

Комуналната депонија „Мегленци“ е со површина од шест хектари, а опожарени биле два хектара, информираа од ЈП „Комуналец“-Битола кои презеле и превентивни мерки за спречување на нов пожар на депонијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...