Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев вечерва доби одврзани раце од Извршниот одбор за предвремнени парламентарни избори. Со ова се потврдува информацијата на Плусинфо дека излез од постреферендумската криза Заев и СДСМ ќе бара во нови избори.
– Извршниот одбор ги овласти претседателот и координаторот на пратеничката група, да ги преземат сите потребни чекори во насока на подготовка за предвремени избор, напиша на Фејсбук министерот за земјоделство Љупчо Николовски вечерва по седницата на партискиот орган.