Извршен претрес кај обвинителката Лиле Стефанова, обвинителство демантира

7575

Во рамки на истрагата која ја отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција извршен е претрес во домот на обвинителката во СЈО, Лиле Стефанова, дознава Плусинфо неофицијално.

Таа го води предметот „Империја“ кој СЈО го отвори во ноември лани.

ОБНОВЕНО

Од обвинителство, пак, велат дека засега немало потреба да се врши претрес кај Стефанова, ниту да биде повикана на разговор.

И Лиле Стефанова во изјава за А1Он рече дека „Тоа не е точно“.

Освен кај неа, истражните органи влегоа и кај Катица Јанева на која ѝ го заплениле мобилниот телефон.

Во истрагата за примање награда за противзаконито влијание осомничени се Бојан Јовановски – Боки 13 и бизнисменот Зоран Милески – Кичеец. Боки 13 е осомничен и за перење пари. За двајцата се бара притвор.

Засега завршен е распитот само на Кичеец кој, според неофицијални информации, веќе добил притвор. Во тек е распитот на Боки 13.

Претрес вечерва се врши и во домот на Боки 13 и кај неговите родители, но и во неговата канцеларија во 1 ТВ, чиј сопственик на хартија е татко му.

Засега осомничени се само тие двајца. Според привраните докази, двајцата убедувале осомничено лице во истрага, дека се поврзани со јавниот обвинител кој ја води истрагата, дека можат да ја олеснат постапката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...