Oд водите на Вардар, на потегот меѓу гостиварските села Форино и Чегране пронајдено е и извлечено телото на машкото лице, за кое вчера попладне беше пријавено дека било забележано во реката, објави Гостивар прес.
На местото кадешто е пронајдено се врши увид од Јавен обвинител и полициски екипи. Телото е предадено на обдукција, ќе се утврдува идентитетот, дали врз него има траги на насилство и други детали.
Според информациите на СВР Тетово, телото на Ј.М. било забележано утринава околу 10 часот во реката меѓу селата Чегране и Форино.
Случајот беше пријавен вчера од жител на гостиварско Мало Турчане, кој го забележал телото во Вардар близу селото, се обидел да го извлече, но не успеал.