Во седиштето на УЕФА во Нион, попладнево беа извлечени двојките за осминафиналето во Лигата на шампионите.
Бранителот на трофејот и победник во последните три изданија на елитното фудбалско натпреварување, Реал Мадрид, ќе мора да се сретне со Ајакс.
Двојки за 1/8 во ЛШ:
Шалке – Манчестер Сити
Атлетико Мадрид – Јувентус
Манчестер Јунајтед – ПСЖ
Тотенхем – Борусија Дортмунд
Лион – Барселона
Рома – Порто
Ајакс – Реал Мадрид
Ливерпул – Баерн.
Првите натпревари ќе се играат на 12/13 и 19/20 февруари, реваншите на 5/6 и 12/13 март.
Финалето ќе се игра на 1 јуни 2019 година на стадионот на Атлетико Мадрид.