Новата сезона во македонската ракометна Супер лига ќе почне на 15 септември. Според договорот на клубовите првиот дел од сезоната ќе заврши на 15/16 декември.
Останува истиот систем на натпреварување, односно ќе се игра еднокружен систем со 18 кола. Потоа првите четири од регуларниот дел заедно со Вардар и со Металург продолжуваат во плејофот за титуала, а другите шест ќе играат за опстанок.
Двојки за првото коло:
Пелистер – Еурофарм Работник
Пролет – Охрид
Бутел – Прилеп
Борец – Струга
Вардар јуниор – Радовиш.
Во иднина новина е што секое откажување на тимови што веќе се пријавиле за настап ќе се казни со забрана за играње од три сезони, исто како и службеното лице.