Извлечени групите за Мастерсот во Лондон

363

Во Лондон од 11. до 18. ноември ќе се игра завршниот Мастерс турнир на кој ќе учествуваат осум тенисери. Организаторот ги објави составите на двете групи со по четири играчи.

Во групата „Гуга Куертен“ се: Новак Ѓоковиќ – првиот светски рекет и најдобар српски тенисер, Александар Зверев од Герменаија, Хрватот Марин Чилиќ и Џон Изнер од САД.

Во групата „Лејтон Хјуите“ ќе играат: Роџер Федерер (Швајцарија), Кевин Андерсон (Јужна Африка), Доминик Тим (Австрија) и Кеј Нишикори (Јапонија).

Двајцата првопласирани од секоја група одат во полуфиналето.

Минатогодишниот победник Григор Димитров нема да има можност да го брани трофејот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...