Извинување, или избор на помалото зло

713
Господинот Кекеновски, лидерот од легијата отпораши, бранители на името и борци од првата линија на форонтот за бојкот на референдумот, со свој пост во му прави сериозни забелешки на Заев поради неговото извинување, упатено на адреса од официјална Софија, за неговиот “лапсус” во изјавата дека Илинденското востание е Македонско. Според Кекеновски, срамен чекор, но и слепост на сите оние кои стојат зад Заев.
Кекеновски, зарем толку не мислиш за недугави, за да си дозволиш, за така лесно да не влечеш за уши? Заев не е идеален, уште помалку генијален лидер, но споредено со сите вас околу него,  ги има во себе искреноста и чесноста. Достоинството, со кое и го пвлече овој народ зад себе. Им стави прст во окото на криминалците. А еве, и сега си во некој друг строј. Имињата да не им ги набројувам, но многумина од нив, верувам дека искрено и вие ги сметате за нискосортна материја.
Што се однесува до поведението на официјална Софија, не е ниту малку коректно државничко. Но, тоа им е едновековен манир.Тие се циници, кои го користат моментот кога на Македонија и двете нозе и се во еден чевел, па премолчувајќи го тој ноторен факт, го прифаќаме помалиот дел од злото, за да излеземе од овој балкански пекол, на чие дно не влечат маргинални самобендисани лидери, заболени персони за некаков политички личен профит.
Бугарите удираат на сите ѕвона, велат први не признале под уставното име, а до денес не сметаат за дел од нивната територија. За дел од нивната историја, а половината од нашето историско, културно и духовно богатство го имаат украдено и ставено на нивното цивилизациско конто.
Кога во 1933 година е формиран одборот за прослава на 30-годишнината од Илинденското востание, во неговиот состав се исклучиво Македонци, зашто на бугарските официјалци им било јасно дека тоа не е бугарско востание. Пред некој месец, Каракачанов, лидерот на ВМРО (бугарско) инаку софиска полициско политичка творба, изјави дека во Бугарија има 2.000.000 Македонци, сметајќи дека тоа се Бугари од Македонија. Но нему му е повеќе од јасно дека тоа се Македонци, големата бугарска рана, што официјална Софија прави напор да ја лекува со политичко насилие, асимилаторски методи и уцени…
Си ја читал ли историската граѓа од делата на Христо Сиљанов, историчар, литерат и Илинденец, и да видиш дека, кога Тодор Паница, соборецот и верен другар на Сандански ги ликвидирал дворските пиони и диверзанти во македонското револуционерно движење, Иван Гарванов и Борис Сарафов, владината софиска реакција е следна: ,,СО УБИСТВОТО НА САРАФОВ, УБИТА Е БЛГАРШТИНАТА ВО МАКЕДОНИЈА”.
Значи, таа не е природен, генетски наш белег, туку инјектиран систематски, со помош на перфидиите на бугарската дворска хегемонистичка пропаганда. Таа бугарштина, драг Кекеновски, тие, како и во времето на владеење и на Љубчо Георгиевски, сонуваат повторно да ја вратат и денес, перфидно, легално, но подло, користејќи ја нашата политичка неизвесност, во која не втурнаа безрбетниците на детронизираниот криминален режим на Груевски. Заев не згреши кога рече дека ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ Е МАКЕДОНСКО, а извинувањето е изнудено со уцените на Софија дека можно е нејзино вето за наш прием во ЕУ и НАТО.
Дрскоста е на нивната страна. Ние премолчно проголтавме кога на ден Илинден бугарскиот претседател рече дека Илинденското востание било бугарско. Ние, господине Кекеновски, не сме ниту слепи, ниту глуви за волчјите завивања околу Македонија. Затоа, не стрелај со ќорфишеци во Заев. А ние не сме тесто, за да не месат лидерски профитери. Чинам, од триесет делии им е дружината, во која, за жал и мое изненадување, и ти како да си ја таксал душата на ѓаволот.
Сега нам ни е неопходна трезвеност, хомогеност, истомислие, за да се провлечеме низ мрачните ходници на овој лавиринт во кој сме втурнати. Да не го користиме за ситни политички профитерства. Овој народ, наспроти бројните диверзии, го има здогледамо светлото во тунелот!
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...