Пожар избувнал попладнето во Казнено-поправниот дом Идризово во просторија каде што се складирани ќебиња, но нема повредени лица и не е причинета материјална штета.
Како што изјави за МИА директорот на затворот, Боби Мојсоски, било запалено едно ќебе, но пожарот не се проширил и тој бил изгаснат од затворската полиција. Мојсоски нагласи дека во инцидентот нема повредени, ниту причинета материјална штета.
– Во затворот пристигнаа две возила на Противпожарната бригада. Во 17.47 часот е најавен пожарот, во 18.45 часот возилата се вратени во центарот во Автокоманда – вели командирот на Територијалната протипожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.
Причините засега се непознати.
Видеото е од Јутуб каналот Portali Tetova.