Собранието вечерва избра нови четворица заменици-министри во Владата.
За заменик-министер за надворешни работи е избран Андреј Жерновски, за заменик министер за здравство Асим Муса, за заменик министер за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и за транспорт и врски Садик Беќири.
– Ве уверувам дека предложените кандидати совесно и со најголема посветеност и одговорност ќе ги извршуваат своите работни обврски и согласно Законот и определбите на Владата на Република Македонија за остварување на програмските определби на Владата и стратешките интереси на Република Македонија и исклучиво во интерес на граѓаните – рече премиерот Зоран Заев пред изборот на новите заменици-министри.
Претседателот на Собранието им честита на новите заменици-министри и не заборави да му честита и на Петар Атанaсов,кој вечерва не беше избран за заменик – министер во образование, бидејќи прво треба да биде избрана новата Државна изборна комисија.
фото: МИА