Избрале грчки европратеник кој има забрана за излез од Грција

339
ФОТО: EPA / STEPHANIE LECOCQ

Јанис Лагос од неофашистичката партија Златна зора на евроизборите во Грција во неделата беше избрана за член на Европскиот парламент, но поради судскиот процес против партијата, што се води веќе пет години и обвинувањата за негова вмешаност во низа кривични дела и членство во криминална организација, тој има забрана за излез од земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Лагос во неделата освои 78.466 гласови и е избран за европратеник.

Според грчките медиуми, за да може Лагос да ја преземе должноста европратеник треба да достави барање до судските власти за да престане да важи мерката притвор, но веројатно е дека ќе биде одбиен.

Кон крајот на септември 2013, тој, заедно со двајца негови сопартијци и претседателот на Златна зора беа уапсени за злосторничко здружување и формирање и учество во криминална организација. На Лагос му беше одреден мерка притвор, а по поминати 18 месеци (максимално дозволен временски рок за притвор), беше пуштен на слобода со забрана за излез од земјата.

ФОТО: EPA / STEPHANIE LECOCQ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...