Изборниот законик, сепак, ќе се менува, но не и изборниот модел

842

Министерката за правда Рената Дескоска рече дека политичките партии во моментов водат неформални консултации за текстот за Изборниот законик.

-Во изминатиот период Министерството за правда ја предводеше работната група за имплементирање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР во Изборниот законик. Одржавме состаноци на кои беа присутни претставници на политички партии и на институции, кои имаат надлежности во изборниот процес како ДКСК, Државен завод за ревизија, Завод за статистика…, и ги слушнавме сите нивни забелешки и предлози за имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР – рече министерката Дескоска .

Посочи дека она што било возможно  да се прави без уставни измени го ставиле на хартија и направиле текст кој е циркулиран во рамки на работната група, а потоа повторно одржале состанок и последниот текст што го затвориле, како што рече Дескоска, е подготвен да оди во Собрание.

Министерката за правда додаде дека по него во моментов се водат неформални консултации меѓу политичките партии.

– Сметам дека е добро пред да се пушти било што од Собранието да имаме конечен фидбек од релевантните политички партии дека се согласуваат со тој законски текст со цел да имаме усогласен текст. Но тајмингот не зависи од нас, туку од нив и од она што ќе го добиеме како повратна информација -рече Дескоска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...