Изборниот автобус на Колинда удри во автомобил, повредено е дете

320

Автобусот на актуелната претседателка и кандидатка за претседател на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ вчера доцна попладне имал сообраќајка во Крапинско-загорската жупанија.

Возачот на автобусот во кој била и Колинда удрил во возило кое било на патот по што продолжил. Оштетената Силвија Солдо во разговор за РТЛ рекла дека несреќата се случила на „незгодна и доста тесна улица“.

– Јас и синот бевме во автомобилот и забележавме дека претседателската поворка оди кон нас. Пред нас имаше автомобил кој сврте малку во десно- рекла Солдо и додала:

– Удрен е целиот лев дел од автомобилот, откорнат е ретровизорот, а најмногу е оштетена задната врата каде седеше мојот син. Тој малку удри со коленото. Малку го боли па мора на преглед кај хирург – рекла Солдо.

Жената повикала полиција, која направила увид.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...