Избори, наместо консултативен референдум!

3572

Во средно имавме факултативни предмети, без обврска да ги посетуваме и без оценки. Обично наместо на часови игравме пикадо или билијард во блиското кафуле.

Слично е и со консултативниот референдум!

Зошто да се потрошат 3,5 милиони евра за ова, кога многумина тој ден ќе играат пикадо, билијард или ќе прават скара!

Наместо ова, незадолжителното – ајде на избори, ама задолжителни!

Нека главната програма на секоја парија биде ЗА или ПРОТИВ. Кој ќе победи – негово е!

Вака се прашува народот, а не на консултативен референдум, на кој ВМРО-ДПМНЕ ќе си ја ишка мувата од капата со бојкот, а СДСМ ќе се надева дека ќе нема цензус, па одлуката ќе си ја донесе во институциите.

Избори – на кои и едните и другите имаат што да изгубат!

Избори, ама добро подготвени:

– Прочистен избирачки список со временски период за активна регистрација на гласачите: сакаш да гласаш – регистрирај се.

– Една изборна единица, без изборен праг, а квалификувањето за избори да се прави со приложување на предлог од минимум 5.000 потписи на секоја изборна листа.

– Отворени листи преку кои се запазува регионалната застапеност и уште поважно преку што во парламентот ќе добиеме личности, а не медиумски препознатливи лица.

– Забрана за предизборно коалицирање, преку што ќе заминат во историјата човек партии што 20-тина години се шлепаат на една од поголемите.

Референдум е пресериозна институција за да биде факултативен и консултативен!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...