Според последните податоци објавени на сајтот на Централната изборна комисија на Косово, на вонредните парламентарни избори на Косово најмногу гласови има освоено партијата Самоопределување на Албан Курти, партија која е во опозиција.
И опозициската Демократски сојуз на Косово на Исa Мустафа, која е на врвот на листата од партиите кои имаат најмногу гласови, вечерва слави победа. Победа прогласи и Демократската партија на Косово на Кадри Вејсели и Хашим Тачи.
Алијанса за иднината на Косово на Рамуш Харадинај освои само 12,3 проценти.
Српскиот председател Александар Вучиќ вечерва на вонредна прес конференција рече дека Српската листа остварила најубедлива победа во историјата на изборите на Косово.
Се очукува преломинарните резултати од денешните избори да бидат познати на полноќ.