Избори, а не референдум

Не е важно само „некаде да одиме“, туку и какви ќе стасаме таму.

1721

Нема друго дами и господа од СДСМ, верувајте. Референдумот треба да почека, затоа што последиците од референдумот ќе бидат катастрофални. Дури и со успешен референдум резулатите ќе бидaт пола на пола. Референдум може да правите само откако ќе ја декласирате ВМРО-ДПМНЕ, но прописно, како што беше со локалните избори. Убедете ги тоа странците дека нема друго. И сега сте предмет на секојдневни уцени заради парламентарното мнозинство. Не сфативте колку ве чини Амди Бајрам? А Али?

Не е важно само „некаде да одиме“, туку и какви ќе стасаме таму. Прашањето со името е употребено за едно од најголемите назадувања на демократијата, јавниот морал и јавната каузалност (способност на населението да ги разбира политичките причинско-последични врски). Тоа мора да престане, а најдобар начин за тоа е да се справите со ВМРО-ДПМНЕ, на единствениот можен начин, а тоа се изборите. Го подзаборавивте вемерето, а не треба.

Има многу проблеми со референдумот, така како што сте го замислиле.

Што Мицкоски го заболе за интересите на Македонија?

Најпрво, референдумот за Мицкоски е само начин за доаѓање на власт, како еден од начините за спас на Груевски. Мицкоски нема долни граници. Тој, ако го ослободи Груевски (веројатно) ќе добие награда од барем половина милијарда евра. Мотив – бомбона! Со тоа, „интереси на државата“, „стратешки определби на Македонија за влез во ЕУ и НАТО“, „демократија“, „реформи“, за Мицкоски се смешни флоскули. Поради тоа, тој ќе го бојкотира референдумот, или бурно или тивко. Што и да употреби како стратегија, неговите новинарски пци и професорите/ките – платеници/чки ќе ве прават растур на секој чекор и ќе ви клукаат од рејтингот, посебно со оној вашион центар за губење време и комуникации, кој овца нацртана на хартија би ја изгубил.

Зар со Мицкоски да се договорите за интересите на Македонија? Со него, кој се однесува како неонадена невеста – ништо нема да му биде таман. Сѐ знае што ѝ треба на млада невеста.

Истото треба и за вемерето, а тоа може да го добие само на избори. До балчак.

Второ – поврзано со првото, е акцелерацијата на резултатите од 11-те години владеење на вемерето и една, во која едвај успеавте да ставите „прва“ и „втора“ постава – раштимана до крај. Не сфативте дека тие погубни ефекти и настани вам ќе ви идат на контото? Некој уништувал здравствен систем? Сега луѓето и бебињата умираат и паѓаат во кома, сега нема систем за набавка на лекови, а сѐ уште постојат криминалните полуги од вемерето, под власт на есдеес, во тоа проклетото, криминализирано и приучено Министерство за здравство. Толку не ви текнува кој за кого работи? Кој тера приватни интереси и пет пари не дава за референдумот и здравјето на граѓаните? Сега пациентите бараат квалитетен инсулин и никој нема да се интересира дека системот за квалитет Тодоров го уништи за да се накраде. Некој ги крадел парите за одржување на одводни канали? Сега се поплавивте, никој нема да го бара Грујо. Вемерето ви го постави стадионот, а вие играте на него, како кленови и се прашувате оти публиката не навивала за вас.

Рејтингот на СДСМ ја штити Македонија, а не ЕУ и НАТО

Скоро и да нема свесен политички фактор, кој ја има целата слика за македонската акцесија во ЕУ и НАТО, освен СДСМ, јасно и непоколебливо. Ако ова не е факт, не знам што е. На тоа се „налепени“ помалите партии, албанскиот фактор (дел од тој „фактор“ нема проблем да биде со Грујо – повторно) и НВО-ите, демократската јавност и жртвите на вемерето. Тоа е рејтинг, но, може да се употреби само за избори. Тој не се јаде, ниту се мачка на леб. Не ви текнува што ви правеше Груевски со тоа изборите секоја година? До просјачки стап ве доведе и до џебна пратеничка група.

Како ЕУ ишјусите делуваат на рејтингот на есдеес? Засега добро. Проблемот е во тоа што и на вемерето и на есдеес, како да им е рејтингот на СДСМ – душман. Го арчат на големо со убиствената агенда со името, но и со секојдневните апашки постапки. Ниту да им текне дека сѐ под лупа, оти не им е министер Ставревски, прв полицаец Горданчето, а НВО „независни“ портпароли милион. Нема овде „а во ваше време“. Толку не им текнува дека земањето пари од тоа фондовите е можно само во 100% партизирана држава? Небитно е дали е законски, отчетно и транспарентно. Медиски ги урнисаа.

Нема што да се чудат. Браво за отчетноста и транспарентноста. Но, да си отчетен и да лапаш париња со фирма стара 45 дена? Времето не работи за нив, оти бандитите работат за себе. Толку се проклето паметни сите до еден, што зелено им тече под коса. Идниот месец ќе бидат уште послаби.

Рејтингот не е света крава, треба да го чуваат, оти тоа купува време за планираните потези. Мора да се сетат тоа функционерите од есдеес дека против нив имаат милијарди евра украдени пари, кои можат да проработат ненадејно и силно (тоа е предноста на црните пари) и трениран тим јавни хохштаплери, кои Груевски го држеа на власт и после поминатиот рок на употреба. Плашете сѐ од тие пари, оти одлично се римува со „Македонец/ка“.

Пропагандата е премногу сериозна работа за аматери

Четвртото е неубедливиот став на ЕУ околу проширувањето и можниот датум за прием после 2030 година. Тоа е ресурс за вемереовските платеници и аналитичари, како што е желбата за ред, законитост, стандард и сигурност – кое го носи идејата за ЕУ, ресурс на СДСМ.

Сепак, одржувајте ја таа идеја, оти е споменато 2030 година и понатака. Не знаете што за просечен Македонец значи 2030? Значи: никогаш! Просечен Македонец и тоа апла патриот, не верува дека Македонија „ќе ја биде“ и планира од денес за задутре. Македонскиот патриот е порасположен да штрбне од трупот на Македонија и да праша за парите од знамето. Толку ли не читате историја? Гледајте ги, не заборавија да потсетат дека тие годишно „внесувале“ милијарда евра во Македонија. Замислете го тој безобразлук, на кој никој не реагира од тоа „центарот за слепило“. Внесувале шипки и тоа австралиски.

Петто е тоталната стратешка збунетост и препоставките, кои се „мајка на сите заебанции“. Толку не му текнува во тоа Центарот дека народот треба да го потсетат што правеше вемерето? Не знаете да монтирате ТВ прилози, да платите за стендап комедии, да искарикирате прислушкуван разговор во тоа „културните простори“, да изрекламирате еден судски процес, преку ангажирани експерти, комедијанти, глумци… Немате кој да ви напише сценарио? Ами вемереовците од ништо направија нешто. До 2015-та година го лажеа народот дека е Бранко уште на власт. Тоа е стратешка збунетост или „медиски даун план“, со кој го закопувате Заева уште повеќе, со кој се разболевте од ретроактивност, ја намаливте меѓусебната комуникација и само ви остана да се правите паметни и да ги нервирате сите останати новинари и да ги разочарувате добронамерните. Неспособните развиваат претпоставки, а оние од „центарот“ осмислиле дека добро ја работат работата и дека „народот знае“ што е добро за Македонија. Дајте падобран да бегам, ова ќе паѓа.

Како тогаш, тој „центар“ ќе го фазира референдумот? Како ќе направи народот да излезе на гласање? Како ќе ја парира гнасната вемереовска пропаганда? Кој ќе се справи со дијаспората, која подиве за името и државава, во сето свое куроболение? Центарот? Леле, изгинавме!

Умира ли некој во Македонија?

Ами бројките за референдумот? Колку беа? Над милион и осумстотини илјади гласачи? Во држава, од која се иселиле над 650.000 граѓани (и гласачи, патем) овие 16 години? Во држава со скоро никаков наталитет? Умира ли некој во оваа држава? Ајде зашлакајте се со ладна вода господа и дами есдеесовци. Пред референдумот мора, односно МОРА, да има попис на населението. Има ли тоа есдеес барем елементарен капацитет тоа да го стори, па ако треба и нека удри по маса. Но, без избори – малку утре.

Ајде премиере, играј куцкамен со ломбаци од потезни мини. Како што во Македонија никој не умира, а по Чавков веќе нѐ има околу 2,5 милиони, така, ако секоја заедница сѐ самопреброи, ќе нѐ има околу 6 милиони. Ломбаци колку сакаш. Оној грчкиот, ако го преживееш, ќе ти биде само првиот во долг низ. Ами пописот? Ами фалшивите дипломи? Ами мафиите, кои урнисуваат дури и од твојата влада? Ами судството, јавната администрација, регулаторните тела? Ами дека пола држава работи во администрацијата? Ами тајните служби? Ами инспекциите?

Среди си го дворот за предвремени, премиере, оти си и партиски лидер

Значи, ќе редам милион причини поради што референдум или не треба да има, или тој да се случи после предвремени парламентарни избори и после успешно спроведен попис на населението. Толку многу гнасотии треба да се излејат за тоа да се случи, но, поисплатливо е.

Дотогаш, господине Заев, земи кочи, прибери си тоа голопртките – бизнисмени, земи способен пиар, силни креатори кои „батерии јадат за доручек“, земи измачени, работливи и верни „деца“ – како тебе, а не мрзливи и пресметани градски изгубенковци и селски мудријаши; и направи тим, сето тоа да го испланира и да направи предвремени парламентарни до крајот на оваа година, па ако треба разочарај ги Европјаните. Подобро нив, отколку народот, кој ќе стане плен на пропагандата од вемерето, дали преку несупешен, дали преку успешен референдум, народот, кој има право својата држава да ја уништи или да ја направи слепо црево на светот, ако така сака.

Сѐ е до перцепцијата што е тоа „важно“. Споделената визија за иднината може да биде силна алатка, но мора да сѐ менаџира со времето и со кадрите – спрегнати во таа визија и нејзиното остварување, а тука е есдеес мошне слаб и нестрплив за пари. Има причини и за ова и за она, знаеме и разбираме.

„Народот“ (што и да значи тоа) не го боли за причините. Народот тоа ќе го опее во песни, а потоа ќе пие домашна ракија со салата од домати од бавчата и ќе кука оти се распаѓаме како сифилистичари, ама, кој ги ебе Грците: „името не го дадовме“ – ќе пеат иселените во странство, оти на домашните нема да им биде до пеење.

Еве, како што читаме по вемереовските портали, Господ лично започнал да ги казнува со пожари и мртви. Им посакаа тоа „патриотите“ на своите соседи да „исцркаат до еден“, „да изгорат до еден“, „така им требало“… како што порано ќе ги бесеа Албанците, како сега што ќе линчувале предавници… За тој народ говориме премиере? Тој „народ“ со вемереовски книшки мора да го смириш, со катастрофален пораз на избори, а не да разговараш со тоа голопртката, кого во црква не го пуштаат, а тој од попот ќерката ја сака. Во историјата ќе си оди или ВМРО, или Македонија – друго нема и никогаш немало.

Другото било лутина на народот оти и вие од СДСМ се просерувате, наместо да работите и да мислите со тоа главите, па и да ги пуштите подобрите од себе – напред, оти „битка ќе се бие“…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...