На полноќ започнува изборниот молк до кога треба да заврши изборната кампања на двајцата кандидати за претседател Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски.
Утре гласаат болните и изнемоштени лица и затворениците.
Вториот круг од претседателските избори се одржува во недела на 5 мај, а право на глас имаат 1.808.131 избирач.
За претседател ќе биде избран кандидатот кој добил мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излегле повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 723.253 гласачи.
Доколку и во вториот круг ниту еден од двајцата кандидати не добил потребен број гласови, се повторува целата изборна постапка.За тоа постои рок од 40 дена.