Избеганиот бик Џери во Сплит го мамат и со крава

Бикот постапи како што би постапил секој просечен Хрват… Одлучи да не биде глупав „вол“ па да го однесат на колење, истакна колумнистот Војислав Мазоко во посебен напис посветен на Џери.

214

Ловот по најпознатиот бик во Хрватска – Џери, деновиве продолжува со дрон. Животното побегна во петокот и надлежните сѐ уште не можат да му влезат в трага.

Снаодливиот бегалец е една од најважните споредни вести овие неколку дена во регионов. Петар Скејо, сопственикот на кланицата во Каштел, од каде што бикот побегнал, и вчера после работното време, како и викендов, се вклучил во потерата. Тој, за „Слободна Далмација“, ја открива и „специјалната тактика“ на трагачите…

Имено, тие се обидуваат да го намамат Џери поставувајќи крава на местата каде бил виден, и со тоа да го привлечат.

Таа тактика досега не вроди со плод.

– Бикот постапи како што би постапил секој просечен Хрват… Одлучи да не биде глупав „вол“ па да го однесат на колење, истакна колумнистот Војислав Мазоко во посебен напис посветен на Џери.

Инаку, Џери ги освои симпатиите на граѓаните, од кои сѐ повеќе повикуваат тој да не заврши повторно в кланица.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...