Лидерот на албанската партија за правда, интеграција и единство (ПДИУ) на Шпетим Идризи, која е попозната како „партија на Чамите“, реагираше на изјавата на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, порачувајќи му дека „ова е век на Албанците“.
– Со многу жалење, воопшто не изненаден, ја следев и денешната непромислена и арогатна изјава на овој сенилен старец, претседателот на Грција, кој во континуитет и се заканува на Албанија со европската интеграција преку прашањето за Чамите. Овој сенилен старец постојано го навредува сеќавањето за илјадници Албанци од Чамарија масакрирани во нивните домови и илјадници други кои биле насилно протерани од бандите на Наполон Зервес. Овој сенилен старец, е најголем претставник на грчките шовинистички кругови и на Златна зора, кои се во грчкиот парламент, но и на оние кои го масакрираа грчките партизани со планината Грамоз – обвини Идризи.
Тој рече дека минатиот век ги погодил Албанците со историските неправди со парчосување на албанските територии во 1913 година и му порачува да биде сигурен дека „ова е век на Албанците“.
– Но,најтежок е молкот на албанските власти, министерот за надворешни работи, премиерот, претседателот на Албанија, кои не му одговараат на овој шовинистички претседател кој и се заканува на Албанија за прашањето на Чамите, а што е нивна обврска која произлегува од Уставот, Резолуцијата на албанскиот Парламент за Чамите, на националниот реципроцитет и достоинство – изјави Идризи.
Шефот на грчката држава, Павлопулос за време на престојот во Црна Гора изјави дека непочитувањето на грчкото малцинство и тврдењата за постоењето и правата на Чамите (протерани Албанци од областа Чамарија) се две непремостливи пречки за Албанија во ЕУ. Тој за Чамите рече дека биле „безмилосни нацистички соработници“.