Идолот на тинејџерите, Били Ајлиш со совети за депресијата

280
ФОТО: EPA / ETIENNE LAURENT

Седумнаесетгодишната Били Ајлиш „се уште учи“ како менталното здравје да и стане приоритет.

Фановите велат дека се пронаоѓаат во нејзините познати песни, како што е „Ocean Eyes“, каде пејачката пее за скршено срце и депресивни чувства.

Сега таа зборуваше за тоа како се справува со нејзините проблеми и менталното здравје.

– Не те прави слаб ако побараш помош. Да го започнеш тој разговор, не мора веднаш да биде сериозен – советува младата ѕвезда.

Таа додава дека да провериш дали е добро пријателот, или некој за кој мислиш дека му е тоа потребно, во тешки времиња може многу да помогне. Лесно е да прашаш: „Дали си добро? Навистина?“, или ако сметаш дека тоа е многу директно, порака на мобилен или прегратка ќе помогне.

– Понекогаш не ни треба да се каже нешто за тие да знаат. Понекогаш е потребна прегратка – советува таа.

Смета дека „главно е да се држат ушите отворени и да се слуша“.

Иако таа не е професионалец, сепак вели дека научила многу од нејзиното искуство. Пејачката додава дека „има видено и преживеала“, но продолжува да учи од тоа што се случува.

– Во мојот случај, така беше. Имаше поединци кои ми напишаа порака токму тогаш кога ми беше потребна порака, ми рекоа дека ме сакаат и тоа многу значи – појасни Ајлиш.

ФОТО: EPA / ETIENNE LAURENT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...